(Видео) Французин за три години го обиколи светот со едрилица што самиот ја изградил

(Видео) Французин за три години го обиколи светот со едрилица што самиот ја изградил

пред 2 години

Французинот Јан Квене пристигна на полуостровот Бретања на западот од Франција и со тоа го заврши тригодишното патување околу светот со едрилица „Балушон“.

Едрилицата наречена „Кутивче“ е долга само четири метри, а ја изградил самиот за 4.000 евра. На Квене му требале 400 часа за да ја состави, иако нема мотор ни комуникација со копното.

Квене на пристаништето „Треберден“ пристигнал на 1 август приквечер, во густа магла, но таму го пречекале новинари. Запрашан за неговата тригодишна авантура тој одговорил: „Долго сонував за ова, а сега го остварив мојот сон. Малку сум тажен поради крајот на патувањето по светот, но среќен сум што се враќам кај семејството“.

Морнарот го почна патувањето пролетта 2019 година и мина преку Атлантикот, Тихиот Океан, кај Маркиските Острови, Тахити и Нова Каледонија… Требаше да застане и во Нов Зеланд и Австралија, но поради пандемијата, ја смени патеката и се упати преку Индискиот Океан, кон францускиот остров Реунион, во близина на Мадагаскар, каде што пристигна по 77 дена пловење.

Залихите со храна, особено водата му биле најголем предизвик на долгиот пат.

„Со секое заминување, кабината беше преполна со канистри, па имав едвај доволно простор за да се исправам. Притоа не пиев повеќе од два литра вода дневно“, рекол тој.

Share
Scroll to Top