Пејачот Владо Георгиев вели дека Земјата е рамна плоча. Тој на Твитер објави фотографија од морето за која вели дека ја зумирал 48 пати.
„Колку е заоблено, баш колку што е тркалезна, и тоа преку 48x зум“, напиша пејачот. По ова следеа и куп откачени коментарите. Дека Георгиев не се шегува, оти земјата е рамна, потврди и во една прилика при гостување во медиумите кога праша зошто авионите од Јапонија не летаат до Њујорк преку Тихиот Океан.
Koliko je zakrivljeno, baš onako okruglo i to kroz zoom 48x 🤣 pic.twitter.com/BlGKq3WZzl
— Vlado Georgiev – Barba (@VladoGeorgiev) September 18, 2023