Во Њујорк се снимаат 10 епизоди на „Сексот и градот“

Во Њујорк се снимаат 10 епизоди на „Сексот и градот“

пред 3 години

Екипата на „Сексот и градот“ е во Њујорк каде наголемо се снимаат 10-те епизоди од новата серија. Овој пат насловена како  „ And Just Like That“, а стримиг платформата „Ејч-Би-О“ ја објави и првата фотографија од сетот на која се Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис

„Серијата нѐ носи од нивните 30-ти години до случувањата во нивните 50-ти години“, вели продукцијата.

Ким Катрал која ја играше Саманта нема да се појави во новата серија, но потврдено е дека Крис Нот ќе ја репризира улогата на Ѕверката.

Култната серија „Сексот и градот“ се емитуваше од 1998 до 2004 година, а екипата за последен пат работеше заедно во 2010, кога излезе вториот дел од филмската верзија на серијата.

Share
Scroll to Top