Вселенскиот телескоп на НАСА, Џејмс Веб сними плејада чудни светови надвор од нашиот Сончев систем

Вселенскиот телескоп на НАСА, Џејмс Веб сними плејада чудни светови надвор од нашиот Сончев систем

пред 2 години






Вселенскиот телескоп на НАСА „Џејмс Веб“, сними плејада чудни светови надвор од нашиот Сончев систем. Една од тие планети се вика VHS 1256 b и е оддалечена 40 светлосни години од нашиот Сончев систем. Температурата на оваа планета достига и до 830 степени целзиусови.

На планетата има и вода, метан, јаглерод моноксид и траги од јаглерод диоксид. Планетата орбитира околу две ѕвезди и една година трае колку 10.000 години на Земјата. Планетата се наоѓа на околу четири пати поголемо растојание од ѕвездите, во однос на Плутон од Сонцето.

Научниците забележале и како топлите гасови се креваат нагоре, а постудениот материјал паѓа надолу. Атмосферата постојано расте, се меша и движи, па затоа и планетата ја добила титулата за најпроменлив објект со планетарна маса.

Друга планета која исто така ја сними сателитот на „НАСА“ е егзопланетата HD149026b, позната и како жешкиот Јупитер. На неа се забележани потешки елемнти како јаглерод и кислород, што е невообичаено за планета со нејзина големина.

Планетата има маса слична на Сатурн. Забележани се водород и хелиум во атмосферата, ное е 27 пати побогата со тешки елементи, објавија научниците во Nature.

Уште една планета со висок сооднос на јаглерод и кислород и која би можела да нуди услови за развој на живот е Смертриос. Сепак експертите велат дека малото количество на вода на површината може да создаде проблем во создавањето на живот, онаков како што го познаваме.

Друга планета е TRAPPIST-1 кој е поголем од Земјата и орбитира околу студено црвено џуџе по траекторија околу сто пати поблиска од онаа на Земјата околу нашето Сонце. Таа е оддалечена околу 40 светлосни години од Земјата, но карпесиот предел може да создаде други проблеми.

„НАСА“ сега има можност и да ги измери температурите на некои од егзопланетите, преку анализа на светлината што ја испушта самата планета. На TRAPPIST-1 е измерена температура до 230 степени и тоа покажува дека атмосферата и е соголема, веројатно од многу активна ѕвезда.

Затоа шансите за живот на оваа планета се многу мали.

 





Share
Scroll to Top