Габриел Бајрам (42), советникот на Град Скопје и син на починатиот политичар Амди Бајрам по вторпат ќе стане дедо. Веста дека чека внук тој ја сподели на социјалните мрежи. Вели дека многу е радосен затоа што неговиот син Валентин и снаата Деби чекаат ќерка.
“Во изминатиот период научив една важна работа. Богатството, на еден човек не се мери во пари, а тоа не може ниту да се стави во кантар. Човек е богат само ако е среќен, живее во хармонија и радост. Станав дедо, се роди Лаура, нека е жива и здрава. Таа среќа и тоа чуство се зголемува во мене, од ден на ден. Дознавме дека, од мојот син и снаа, Валентин и Деби, ќе имаме внука. Нека им е среќна и бериќетна ќерката на моите најмили. Нека се роди во хармонија и да расне и порасне. Колку е убаво чувството, вели Бајрам
Тој веќе ја има внуката Лара, која ја доби од ќерката Перјан во 2021 година. И за неа често вели дека му го променила животот, му донела огромна среќа