(Галерија) Во костум и патики се ожени ракометарот Мартин Поповски, невестата избра панталони со гол стомак

(Галерија) Во костум и патики се ожени ракометарот Мартин Поповски, невестата избра панталони со гол стомак

пред 3 години

Македонскиот ракометар Мартин Поповски (27) се ожени со својата долгогодишна девојка Стојна Гогова. На венчавката тој носеше тегет костум и патики, а невестата наместо фустан избра бели панталони и топ со гол стомак, дополнети со бело палто. Двојката се венча во Цирих, Швајцарија, каде што Мартин игра ракомет веќе неколку години. По церемонијата, тие славеа по познат италијански ресторан во Цирих. Сведоци на венчавката им беа пејачката Александра Јанева и нејзиниот дечко.

Мартин и Стојне се свршија по Нова година, на плажата Плаја Дел Кармен во Мексико.

За потсетување, Поповски, пред Нова година го продолжи договорот со Амичитија Цирих“ и ќе остане во швајцарскиот прволигаш уште две години. Таму дојде од екипата на Пролет, а во кариерата настапуваше и за Вардар, Вардар Јуниор и Текстилец. Мартин играше за репрезентацијата на Македонија во времето кога селектор беше Лино Червар.

Share
Scroll to Top