(Галерија) Кети Пери и Орландо Блум заљубени во Бодрум: Заедно до вечноста

(Галерија) Кети Пери и Орландо Блум заљубени во Бодрум: Заедно до вечноста

пред 3 години

Пејачката Кети Пери и нејзиниот сопруг, холивудскиот актер Орландо Блум, се на летување во Бодрум, Турција. Двојката е на одмор со нивната десетмесечна ќерка Дејзи Дав и Флин, синот на Орландо од првиот брак со манекенката Миранда Кер.

Тие не кријат дека уживаат во летувањето, па и двајцата објавија слики направени во луксузното одморалиште Six Senses Kaplankaya каде што престојуваат.

„Заедно до вечноста и подалеку“, напиша Кети.

И турските медиуми објавија слики, а на кои тие се бакнуваат додека пливаат во морето. „Делуваат толку заљубено и среќно“, коментираат фановите на пејачката и актерот.

Пред да стигнат во Турција, Орландо и Кети неколку дена беа Италија, во Чешка, а потоа кратко беа и на одмор во Грција.

Share
Scroll to Top