Глумецот Гери Олдман (64) во разговор за Sunday Times откри дека размислува да се повлече од глумата и да замине во пензија. Има кариера на која се восхитува, но покрај глумата го интересираат и други работи.
„Кога си млад мислиш дека ќе ги направиш сè за што си сонувал. Но годините си минуваат. Следната година ќе наполнам 65 и веќе 70 е зад аголот. Не сакам да бидам активен кога ќе имам 80“, рече Олдман.
Во моментов ја снима серијата Slow Horses, па до пензија ќе треба да помине уште некое време, објасни тој. Во серијата се работи за Џексон Ламба, шеф на дисфункционалнен тим на посрамотени агенти на МИ5, кој наидува на опасни ситуации.