Композиторот и продуцент Дарко Димитров е еден од авторите на песната „Локо локо“, што групата „Хурикејн“ од Србија ќе ја пее на Евровизија. Освен Дарко, на песната работи и Немања Антониќ, а текстот го напиша Сања Вучиќ, една од пејачките во групата.
„Хурикејн“ лани победија на Беовизија со песната „Аста ла виста“, а РТС реши тие и годинава да ја преставуваат земјата, оти изборот за песна на Евровизија лани не се одржа.
Премиерата на песната и спотот на групата „Хурикејн“ за Евровизија ќе се одржи на почетокот на март.
За потсетување, Дарко, освен што правеше песни за македонските претставници за Евровизија, изминатите години беше автор и на неколку српски песни за Евросонг. На песната што лани требаше да ја претставува Албанија, тој работеше заедно со композиторот Лазар Цветкоски.