Многу е полесно да организирате забава во лето отколку во кој било друг период од годината.
Лесно можете да ги повикате пријателите во природа, во куќата на родителите, да изнајмите летниковец или викендичка.
За сѐ да помине совршено, искористете ги нашите трикови за да организирате кул летна забава.
1. Подгответе го фрижидерот
Дали некогаш сте морале да играте тетрис со фрижидерот? Ова е единствената игра што никогаш не може да биде забавна, особено ако се брзате да им се вратите на своите гости и морате веднаш да замрзнете што е можно повеќе мраз и да ги тргнете чиниите со грицки.
Правилно организираниот простор во фрижидерот – е вистинскиот клуч за забава без стрес. Разгледајте го системот на садови и дополнителни полици, погрижете се да имате доволно фолии или хартиени кеси, како и да сочувате што е можно поголем простор.
2. Организирајте скара на забавата
Скарата е тајната на успехот кога се во прашање летните забави. Испржете го месото, спремете ги колбасите, печурките и зеленчукот, украсете ги со сос и зачини, а за половина час можете да ја подготвите целата храна.
3. Заборавете на тешките рецепти
За да не се заморувате со сложени рецепти, изберете едноставни рецепти и грицки. Можете да купите специјален пченкарен сируп, да направите авокадо или некој вкусен сос. Подгответе салата од свежи краставици, исечкајте овошје – ова ќе биде сосема доволно да послужи како додаток за главното јадење.
4. Размислете за алкохолот и безалкохолните пијалаци
Подгответе специјални пијалаци на посебна маса. Организирајте вина, сокови и овошје, така што секој гостин ќе може да си подготви свој коктел. Погрижете се секој да има доволно мраз, а исто така обидете се да избегнувате да користите неудобни и тешки чаши, кои лесно може да се скршат.
5. Купете еднократни садови за употреба
Ова ќе ве спаси од заморното чистење. Купете специјални чинии, лажици, салфети и чаши за еднократна употреба обидувајќи се да им дадете целосна предност на комплетите од хартија. Побарајте летни сетови – со светли детали. Користете тенок пластичен чаршаф (мушама) за да можете подоцна полесно да ги тргнете мравките и остатоците од масата, без да морате да ја бришете површината.
6. Организирајте музика за забава
Расположението на журката ќе зависи од музиката, па затоа посветете некое време на организирање добра плејлиста.
7. Не заборавајте однапред да купите средства против комарци и кремови за сончање
Погрижете се вашите пријатели да запаметат колку е важно редовно да се користат кремовите против сончевите УВ- зраци. Употребете свеќи или мирисни масла протов комарците.
8. Размислете за декорот и за осветлението
Ако вашата забава трае до доцна вечерта, размислете како ќе го осветлите просторот. Дали е можно да поставите неколку свеќи, без притоа да предизвикате пожар?
9. Организирајте игри на отворено
Најдобар начин за вашите гости да се забавуваат на каква било забава, без употреба на многу алкохол, е да ги користите забавните игри. Побарајте некоја едноставна забава, како што е твистерот, но размислете колкав слободен простор ќе имате на располагање. Исто така, погрижете се масата за скара и грицки да бидат заштитени од ентузијастичките играчи.
10. Размислете за чистењето
Побарајте помош од другите за чистење, не обидувајте се сѐ да направите сами. Дури и ако секоја личност собере неколку чинии, тоа веќе ќе се покаже како значајна помош. Така ќе го скратите времето на чистење на неколку минути, а пријателите ќе се чувствуваат што е можно повклучени во оваа забава.