Пејачката Тијана Дапчевиќ е една од многуте јавни личности кои и пружија поддршка на Милена Радуловиќ откако актерката го пријави поранешниот учител по глума, Мирослав Алексиќ за силување. Тијана вели дека и пречат негативните коментари во врска со Милена Радуловиќ и нејзините колешки. Таа се обиде да одговори на невкусните прашања кои се појавија во Србија изминативе денови, како она „Зошто дури сега проговори?
„Не знам, можеби затоа што и понатаму има дел од вас кои постојано повторуваат дека жртвите на силувачот и педофилот самите си го барале, дека сигурно некако со нешто провоцирале, дека самите се криви. И многу често имате потреба да правдате непростливи работи. Ако молчела досега, можела да продолжи да молчи засекогаш.“ напиша Тијана.
Потоа таа вели : Како секогаш доаѓаме до тоа дека за сè треба да се молчи? Како вам не ви е доста од молчење? За малите и големите работи, за планината направена под тепих, ставајќи ги проблемите таму, за насилството и злоставувањето? А можеби и не молчела, туку налетувала на луѓе кои се глуви за нејзиното страдање, баш така како и вие. ‘Сигурно измислила сè затоа што и пропаднала кариерата, затоа што и треба некоја улога.’ Па да, полесно е да се поверува дека некој ја измислил својата тага, отколку дека едвај, конечно, по толку време, собрал сила повторно да го проживее тоа објаснувајќи го секој детал и одговарајќи на којзнае колку прашања за време на поднесувањето на пријават. Срам да ви е за секој коментар на темава кој не е поддршка, туку замолчување на жртвата. Молчењето не е злато. Никогаш не ни било. Сите тишини еден ден стануваат вресок, за Милена Радуловиќ“, додаде поп пејачката.