Евгениј Поп Арсов не успеа во подвигот да го преплива Ла Манш: Имав голема желба и сила, но ладната вода ме победи 

Евгениј Поп Арсов не успеа во подвигот да го преплива Ла Манш: Имав голема желба и сила, но ладната вода ме победи 

пред 1 година

Шампионот во маратонско пливање, Евгениј Поп Ацев, не успеа да стане петтиот Македонец кој го препливал каналот Ла Манш, откако информираше дека поради ладната вода не успал во одвој подвиг.

„Денеска пробав да го испливам каналот Ла Манш и не успеав. Иако последниве години имав проблеми со пливањето и со здравјето сепак се надевав дека ќе соберам сила и ќе можам. Имав голема желба и сила и добро пливав, но ладната вода ме победи т.е. го победи моето тело кое отсекогаш лошо се справувало со ладна вода. Иако разочарувањето е големо и ќе ми треба подолг период да го пребродам овој неуспех сепак сум среќен што пробав и собрав уште едно искуство (макар и лошо) и што ќе можам дома да се вратам жив и здрав“, информираше Евгениј Поп Арсов на Фејсбук.

Досега само четворица македонски пливачи успеале да го препливаат Ла Манш, меѓу кои се Нико Нестор во 1959 година, Атина Бојаџи во 1969, Томи Стефановски во 2009 и Игор Димовски една година подоцна.

Поп Ацев беше најдобар во светот во 2015, 2017 и во 2019 година, а пред осум години стана и првиот Македонец кој победил на традиционалниот Охридски маратон.

Share
Scroll to Top