Ед Ширан донираше 10.000 фунти во болница во која лежела неговата баба

Ед Ширан донираше 10.000 фунти во болница во која лежела неговата баба

пред 4 години

Пејачот Ед Ширан донираше 10.000 фунти во болница каде лекарите порано се грижеле за неговата, сега веќе почината баба. Пејачот донираше 10.000 фунти во „Алдебургх“ болницата.

Тој набавил музички инструменти кои биле поставени во сензорската градина на отворено, пишува британски „Сан“.

За овој прекрасен гест, биле користени пари од неговата хуманитарна организација The Framlingham Foundation Trus, која има намена да им помага и на школите и на оние чија помош им е најпотребна.

Во годишниот извештај кој го поднела таа добротворна организација, пишува дека донацијата во болницата е доделена за купување на музички инструменти за рехабилитација и опоравување на пациентите на отворено.

„Тие пациенти се пациенти со деменција, пациенти со посебни потреби и инвалидитет“, пишува во описот.

 

 

Share
Scroll to Top