Едноставен рецепт за чизкеј - Reporter.mk

Едноставен рецепт за чизкеј – Reporter.mk

пред 2 години

Состојки: 680 гр крем сирење, 300 мл слатка павлака, 200 грама шеќер, 4 големи јајца, 3 лажици брашно, ½ лажичка сол, ½ лажичка екстракт од ванила.

dobivaj vesti na viber

Подготовка: Со помош на миксер или со рака измешајте го крем сирење на собна температура, шеќерот, брашното и солта. Кога ќе добиете изедначена смеса, почнете да додавате едно по едно јајце. Кога ќе ги измешате сите јајца, додадете екстракт од ванила и слатката павлака. Мазната смеса за чизкејк префрлете ја во подмачкана тава за печење (со дијаметар од 22 сантиметри), која претходно сте ја обложиле со хартија за печење. Истурете ја смесата во кружен калап и печете во загреана рерна на 200 степени целзиусови околу 50 до 55 минути. Потоа, покачете ја температурата на рерната на 220 Целзиусови степени и печете уште десет минути. Извадете го колачот од рерна и оставете го целосно да се излади. Пред сервирање изладете го.

Share
Scroll to Top