Ендру е позитивен на ковид и нема да присуствува на прославата за кралицата

пред 2 години

Од Бакингемската палата најавија дека принцот Ендру е позитивен на коронавирус и дека нема да пристуствува на прославата на платинскиот јубилеј на кралицата Елизабета.

var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);

Војводата од Јорк кој се откажа од кралските должности по сексуалниот скандал, се очекуваше да биде во служба со останатите членови од кралското семејство.

„Направениот рутински тест покажа дека војводата е позитивен на Ковид и со жалење сака да ви пренесе на сите дека нема да присуствува на прославата на платинскиот јубилеј на кралицата“, рече портпаролот од Бакингемската палата.

Голем број членови од кралското семејство присуствуваа денеска на поворката за да ја гледаат воената парада. Подоцна, само неколку членови од семејството ѝ се придружија на кралицата на балконот на Бакингемската палата.

За потсетување, принцот Ендру ги негираше сите обвинувања против него, а подоцна дојде до вонсудска спогодба со Вирџинија Џуфре, жената која го обвини дека сексуално ја злоставувал, кога таа била малолетна. Со спогодбата тој не ја призна вината.

Share
Scroll to Top