Тајната за зачувување на здравите својства на зеленчукот и овошјето е во ферментацијата, поради што теглите со кисели краставички и буриња со зелка се вистинска домашна аптека, со лекови за многу болести.
Во теглите со ајвар, кисели краставички, пиперки, џемови, слатки, компоти, има лек за превенција и лекување на многу различни болести, меѓу кои и коронавирусот.
Дали зимницата е нашиот лек?
„Храната е лек доколку се користи правилно, но може да биде и штетна, затоа треба да внимавате што јадете. Зимницата нуди многу здравствени придобивки, но само онаа што се ферментира – кисела зелка, кисели краставички и туршија“, вели дипломираниот нутриционист Предраг Ненадиќ.
Ферментираната храна му обезбедува на телото здрави бактерии кои му се потребни за балансирање на цревната флора.
Најважно во зимницата е што ферментацијата ги зачувува витамините и ензимите во храната.
„Ензимите се искри на животот. Тие учествуваат во сите метаболички процеси во нашето тело. Ги земаме само со свежо овошје и зеленчук и се многу термолабилни, што значи дека брзо се разградуваат дури и при благ пораст на температурата. Затоа ферментираната зимница е многу подобра и поздрава од пастеризираната“, објаснува Ненадиќ.
Тој додава дека кога правилно се подготвува, зимницата не губи ниту една од своите нутритивни вредности и добива пробиотски својства.