Зошто ја жалите Данијела па таа го остави Петар, кажа Дино Раѓа на свадбата на Грашо

Зошто ја жалите Данијела па таа го остави Петар, кажа Дино Раѓа на свадбата на Грашо

пред 3 години

Хрватската кошаркарска легенда, Дино Раѓа, кој беше еден од тројцата кумови на свадбата на Петар Грашо и Хана Хуљиќ, првпат прозборе за раскинувањето на Данијела  и Грашо, кои беа во врска 24 години. Тој објави слика на Инстаграм со својата сопруга и со младенците, па еден од неговите следбеници му остави коментар дека во целата ситуација најмногу му е жал за Данијела.

„А зошто? Таа го напушти него“, му одговори кошаркарот и со тоа демантираше дека Петар не ја оставил Данијела за да биде со помладата Хана, како што се пишуваше во медиумите.

Иако одговараа на прашања за раскинувањето, ни Петар ни Данијела никогаш јавно не кажаа зошто се разделија. Многумина веруваа дека причината за ова е љубовта на Грашо со ќерката на неговиот долгогодишен пријател Тончи Хуљиќ. Во јавноста цело време ја осудуваа врската со Хана, а ја жалеа Данијела, која е една од омилените хрватски пејачки.

За потсетување, Петар и Хана се венчаа викендов во Сплит. За време на нивната венчавка, Данијела пееше на свадба во Загреб.

Хрватската јавност не и прости на Хана, куп погрдни зборови по првите свадбени фотографии со Грашо

Share
Scroll to Top