Рекорден број на разводи и историски најмал број на склучени бракови, во пандемиската 2020 година, во Македонија.
Според податоците на МИА, во годината која помина во карантини, рестрикции и стравови, дури 2284 парови се развеле, што е најголем број на разводи во последните 10 години. Тоа е за речиси 300 разводи повеќе од лани и за околу една третина повеќе од десет годишниот просек.

Бројот на склучени бракови лани се спуштил на само 9.200 што е за 4.617 помалку, или со пад од 33,3 проценти, за разлика од 2019 година и историски најниска бројка во историјата на Македонија.
Наместо зурли и тапани, свадбените прослави се прилагодија на новонастанатата ситуација. За голем дел од младите, пресуден факт беше тоа што беа оневозможени венчавката да ја прослават на начин каков што сакаат. Ваквиот тренд негативно се одрази на природниот прираст на населението, кој и онака веќе беше во негатива.







