Илон Маск му понудил 5.000 долари на тинејџер за да престане да го следи неговиот авион

Илон Маск му понудил 5.000 долари на тинејџер за да престане да го следи неговиот авион

пред 2 години

Американец Џек Свини (19) направил Твитер профил на Elon Musk’s Jet, на кој може да се види каде сè се движи приватниот авион на сопственикот на Тесла, користејќи ботови кои ги следат јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај,  пренесува „Протокол“. Тој моментално има над 97.000 следбеници.

Тој на својот профил објави дел од разговорот со Маск, со кого разговарал ланската есен.

„Не ми се допаѓа идејата да ме застрела некој лудак“, вели Маск во пораката, нудејќи му 5.000 долари на Свини да го деактивира профилот.

Тој неодамна изјави дека профилите на социјалните мрежи кои го следат неговото движење „стануваат безбедносен проблем“.

 

„Дали има шанси да се зголеми на 50.000 долари? Тоа би ми помогнало со факултетот и можеби би ми овозможило да купам автомобил, можеби дури и модел 3“, прашал Свини.

Последниот разговор меѓу Маск и Свини се случил пред една недела, откако Свини му рекол дека ќе го избрише профилот без пари доколку Маск му даде пракса во неговата компанија. Тинејџерот вели дека Маск сè уште не ја прочитал пораката.

Свини му објасни на Маск како успеал да најде јавно достапни информации за неговиот приватен авион за да создаде алгоритам кој автоматски го објавува статусот на летовите на Маск на Твитер. Иако статусот на летовите на Маск е јавна информација, само оние кои добро ја познаваат индустријата знаат каде да ги најдат.

Share
Scroll to Top