Топ-моделот Катарина Ивановска позираше во кампања за македонскиот дизајнер Игор Марков. Таа е облечена во светкави летни стајлинзи. Ова не е првпат моделот да носи парчиња на Марков, таа беше заштитно лице и во 2019 година во комбинации со риги, цветни дезени и палта со несекојдневен крој.
Во модните парчиња на Марков често се појавува и пејачката Тамара Тодевска.
Дизајнерот првото деби во светот на модата го имаше на „Модниот викенд“, со приватна, самостојна ревија од затворен тип. Тој се претстави со вечерна колекција за модерни и урбани жени насловена Prêt-à-porter féminin de luxe.