Кајли Џенер со ќерката Сторми промовира козметика за деца и бебиња

Кајли Џенер со ќерката Сторми промовира козметика за деца и бебиња

пред 3 години

Бизнисменката и реална ѕвезда Кајли Џенер (24) ја промовира својата прва козметичка линија за деца и бебиња – „Кајли бебе“. Палетата производи вклучува шампон, купка и млеко за тело.

„Сите производи ги тестирав на мојата ќерка. Не би продавала нешто што не е добро за моето дете“, рече Кајли за американските медиуми и ја објави првата слика од кампањата, на која позира со својата ќерка Сторми.

Новата козметичка линија Кајли ја претстави неполн месец откога објави дека е бремена со второто дете.

Кајли е најмладата милијардерка во светот, а се збогати од својата козметичка линија, која вклучува декоративна козметика, парфеми и кремови за нега и убавина.

 

Share
Scroll to Top