Кристина Димитриевска и диџеј Боно ќе пеат во Лешок пред концертот на Саша Ковачевиќ

Кристина Димитриевска и диџеј Боно ќе пеат во Лешок пред концертот на Саша Ковачевиќ

пред 2 години

Манекенката и поранешна мис Кристина Димитриевска и диџеј Боно ќе пеат во Лешок пред концертот на Саша Ковачевиќ. Концертот е закажан за 27 месецов, в сабота, а пејачката не крие дека ѝ е големо задоволство и чест да настапи пред Ковачевиќ.

dobivaj vesti na viber

„По осум месеци професионално занимавање со музика, имам чест заедно со диџеј Бобо да настапам пред Ковачевиќ. Го сметам за една од најголемите музички ѕвезди на Балканот и пошироко. Саша веќе повеќе од 10 години ми е драг пријател, а од неодамна и колега. Секогаш е тука да ме посоветува и да ме насочи во музиката. Пред сѐ е голем човек, пријател и вистински професионалец. Откако нашиот тим  ‘Лолипоп’ ни го договори настапот, јас и Боно сме во постојани подготовки. Сѐ е подготвено за концертот. За мојата креација се погрижи Златко Јовановски. Сите ќе се дружиме заедно в сабота, во Лешок“, ни рече Кристина за „Репортер“.

Share
Scroll to Top