Ламбе и Миле Кузмановски за почеток на „Пивофест“ – Викендов забава со Ареа, ДНК и Аца Лукас

Ламбе и Миле Кузмановски за почеток на „Пивофест“ – Викендов забава со Ареа, ДНК и Аца Лукас

пред 1 година

Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски вечеравечер го отворија 20 -тото јубилејно издание на „Прилеп пиво фест“ кој оваа година има нов термин и ребрендирано име во „Бирвикенд“.

Ламбе од публиката во Прилеп беше пречекан со голем аплауз која играше и ги пееше неговите најголеми хитови. Најгласна беше публиката на песната која е дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“, „Оган да го гори“.

Публиката уживаше и во хитовите на фолк-пејачот Миле Кузмановски. Посетителите на „Бирвикенд“ уживаше и во голтка ладно пиво и специјалитетот на фестивалот, скара.

Организаторите се задоволни од посетеноста на отворањето на првата фестивалската вечер.

Освен Ламбе и Миле Кузмановски, вчеравечер настапија Тропико Бенд и Тијана ЕМ.

Вечерва на фестивалската сцена ќе настапат АРЕА, Пајак и триото од Србија, Хурикејн. Покрај овие изведувачи, организаторот најави и едно изненадување за вечерва. Додека в недела, ќе настапат: ДНК, Бојана Скендеровски, Наум Петрески и Аца Лукас.

Share
Scroll to Top