Музичката ѕвезда Лејди Гага повторно ја одложи светската турнеја The Chromatica Ball, која требаше да се одржи годинава. Поради пандемијата, таа најави дека ќе се дружи со фановите на коцерти идната година. Првично беше најавено дека албумот „Хроматика“ од 2020 година ќе има концертна промоција веднаш по неговото објавување лани во мај.
Турнејата вклучуваше концерти во Лондон, Париз и неколку концерти во Америка.
„Иако некои делови од светот брзо се отвораат, други сè уште не се подготвени. Значи, сè додека не бидеме во состојба да ги потврдиме датумите на глобално ниво, мораме да ги одложиме концертите Chromatica Ball за летото 2022 година,“ стои во соопштението што го испрати пиар тимот на Гага до фановите.