Откако вчера на МТВ беше промовирана евровизиска песна и видеото за „Here I stand“, со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на Евровизија во Ротердам, картко потоа на социјалните мрежи се пишуваше дека во спотот се забележуваат боите на бугарското знаме, што наводно, претставува намерна или случајна провокација.
„Аман, па луѓето стварно сакаат да прават скандали без потреба и сакаат да прават драми. Овие се прекрасни дела во Даут-пашин амам во Скопје, и многу сум горд што ми беше дозволено да снимам таму. Се распрашав за делото за кое се коментира и тоа е дело за кое инспирација е Исус Христос, а бугарското знаме е хоризонтално, а не вертикално, што може јасно да се види. Ова нема никаква врска со Бугарија, така што, пуштам љубов и позитивна енергија и прекрасна музика на сите“, вели Васил Гарванлиев за „Репортер“.
Видеото за песната е снимано на повеќе локации. Дел од сцените се снимани во Даут-пашин амам во Скопје, а во спотот се прикажуваат и кадри од Културниот центар во Чикаго, каде Васил поминувал многу време со Детскиот хор од Чикаго. Видеото е снимано е во Скопје, а го режираше Васил Гарванлиев.
(Видео) Васил Гарванлиев го промовира спотот за евровизиската песна