Македонскиот актер Луран Ахмети кој стекна слава и во турските серии, постхумно доби поштенска марка

Македонскиот актер Луран Ахмети кој стекна слава и во турските серии, постхумно доби поштенска марка

пред 1 година

Луран Ахмети, македоснки актер во  Албанскиот театар кој почина пред две години во март доби поштенска марка. Во негова чест беше промовирана поштенската марка „Луран Ахмети 1974 – 2021“ испечатена во тираж од 6000 примероци, и со  вредност од 36 денари. Дизајнер на поштенската марка е Тахар Алемдар.

 

Луран Ахмети почина на 25 март 2021 по компликации од ковид-19 на 46 години. Беше дел од  Албанскиот театар во Скопје каде играше во голем број претстави. Стекна голема слава со улогата на Хусрев паша во „Величествениот“, една од најпопуларните турски серии во светски рамки.

Играше и во  „Збогум Румелија“ како и во „Долина на волците“.

Ахмети беше дел и од актерската екипа на првиот македонски филм снимен на турски јазик со  „Најтешкото нешто“.

Фото: АД „Пошта“

Share
Scroll to Top