Марина нема сила да зборува, пак оди на хемотерапија: Мажот на Туцаковиќ раскажа за нејзината борба со ракот

Марина нема сила да зборува, пак оди на хемотерапија: Мажот на Туцаковиќ раскажа за нејзината борба со ракот

пред 3 години

Откако синот на Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ, објави слика од композиторката на која таа делива изморено и е ослабена, нејзиниот сопруг, Александар Радуловиќ – Фута, првпат прозборе за нејзината борба со ракот. Тој вели дека Марина не е добра, едвај се движи и зборува, а и короната влијае психички на неа.

„Марина е цело време заклучена во куќата, слабо се движи затоа што не може. А, сето ова води кон депресивна состојба. Марина сега започна со шестиот циклус на хемотерапија. Спие цел ден, не станува од кревет. Уморна е и здробена. Но, нека биде, нека одмори. Јас подготвувам сè што ѝ треба, ѝ носам храна, а нејзино е само да се одмори и да не биде изложена на стрес. Марина моментално е во таква фаза, нема сила да зборува, па затоа не одговара на телефонските повици,“ раскажал Фута.

Тој додал и дека е згрозен од одредени медиуми кои шират неточни информации за здравјето на Туцаковиќ.

„Таа не умира, како што велат, таков е процесот по сите тие терапии. Да се ​​чувствувате лошо по тоа е очекувана реакција. Само да издржи десет дена, па ќе биде подобро,“ рекол тој за „Стар“.

Share
Scroll to Top