Маријана и Васил со кореографија од Бродвејска сцена ја отворија Интернационалната вечер на Охрид Фест

Маријана и Васил со кореографија од Бродвејска сцена ја отворија Интернационалната вечер на Охрид Фест

пред 2 години

Со танц на безвременската „Одисеја“, водителката Маријана Станојковска и актерот Васил Зафирчев ја отворија втората Интернационална вечер на фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури, која се одржа вчеравечер на сцената на Долни Сарај во Охрид.

Актерот Зафирчев на социјалните мрежи сподели фотографии од танцот со Маријана.

„Интернационалната вечер на Охрид Фест – Охридски Трубадури ја започнавме со танц на безвременската „Одисеја“ изведена од легендарниот Лео Мартин во далечната 1974 година“, напиша актерот.

Маријана беше облечена во долг жолт фустан, додека Васил во црни костим со црно бела комбинација во италијански стил.

На Интернационалната вечер на 29 -то издание на Охрид фест,  победници од жирито беа гостите од Бугарија „Expose“, додека од публиката Јуре од Хрватска.

Учесникот на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски за дуетот со Белма, насловен „Глупаво е да си сам“ ја зема втората награда од жирито, додека втората гостинката од Црна Гора, Моника Кнезовиќ.

Втората награда од публиката ја доби Теодора Стјеповиќ, а третата Веса Смолица.

Награда за најдобар текст доби Борче Нечовски за композиијата „Твоја сум“ во изведба на Мила. Наградата за најдобар аранжман ја освои Александар Масевски за „Close to the sun” во изведба на Андреа.

Ненад Цвјетиќ ја доби наградата Долни Сарај, а за најдобар дебитант Ник од Хрватска.

Фото: Фејсбук Охрид фест – Охридски трубадури

Share
Scroll to Top