По објавата за смртта на мејкап артистката и инфлуенсерка Маја Миа Јанеска, која беше пронајдена мртва во Африка, вчера на големо се пишуваше за неа. Маја била пронајдена со поростерлна рана на главата, а случајот е пријавен како самоубиство. Но, по социјалните мрежи на големо се пишуваше за девојката сешто. Грди коментари за веќе починатата девојка, кој дури се чинеа и неверојатни дека може некој да ги напише. На ова луто реагираше Лила која вели:
„Па добро, вие имате ли барем малку мозок, емпатија… некакво чувство! Имате ли сeмејства, роднини,колеги, комшии од кои треба барем малку да ви е срам?! Имате ли? Па која е таа состојба на умот да седнете и да пишувате одвратни коментари за некој кој за жал веќе не е меѓу живите, а притоа е млада жена, а освен името ништо друго не знаете за неа! Па она има и родители, семејство кое е во неверојатен шок, преживува трагедија….
Реагираше и Миа Костова, која вели: “Кога ќе видам што се пишува под портали за некој кој не е веќе меѓу живите, се прашувам зошто уште ме допира понекогаш што ќе каже некој за мене под вест дека на пример сум патувала некаде.
Нема да ме мрзи еднаш ќе соберам све од коментари под разни објави на разни вести и со име и презиме и приватни слики со деца и бебиња и семејствата со кои живеете а ширите говор на омраза и желба за туѓа смрт ќе ви направам едно видео од два саата да ви е незгодно леб да купите во продавница“.За потсетување, инфлуенсерката од Охрид, Маја Миа, која беше најдна мртва, е родена во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од десет години. За смртта објави и нејзиното момче на социјалните мрежи, танзанискиот музичар Оми Димпоз.






