Милена Антовска ја смени Марјана и беше лото девојка не еден ден

Милена Антовска ја смени Марјана и беше лото девојка не еден ден

пред 2 години

Водителката Милена Антовска по скоро една година пауза се врати на телевизија за да ја замени Марјана Станојковска како лото девојка. Марјана, која повеќе од десет години го води лотото, овој пат беше водителка на Охрид фест, па на нејзино место дојде Милена.

dobivaj vesti na viber

„Овој пат во црвен фустан за да ѝ парирам на седумката во студиото на Државна лотарија во Канал 5 телевизија“, напиша Антовска, на која не ѝ е првпат да води лото. Таа и лани неколку пати ја менуваше Марјана.

За потсетување, Милена лани се повлече од пред камерите поради бременоста со второто дете. Таа се породи на Василица и ја доби ќерката Јоана, а со сопругот Гордан ја имаат и ќерката Лана Марија. Оттогаш неколку пати кажа дека сака да се врати на работа и дека ѝ недостига телевизијата.

Share
Scroll to Top