Милијардерите во текот на пандемијата се збогатиле за 4.000 милијарди долари

Милијардерите во текот на пандемијата се збогатиле за 4.000 милијарди долари

пред 4 години

Според извештајот на Институтот за политички студии, дваесетмината најбогати милијардери на светот, се збогатиле за 743 милијарди долари. Богатството на сите милијардери во светот пак било зголемено за 4000 милијарди долари.

Овој извештај е објавен на порталот „Бизнис инсајдер“ и покажува дека од 18 март 2020 година, до 18 март 2021 година, богатството на 2365 милијардери се зголемило за 54 проценти, односно за 4000 милијарди долари, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Во извештајот се наведува дека 20-те најбогати милијардери се побогати за 742 милијарди долари, што е зголемување за 68 проценти.

Извештајот на меѓународната организација „Оксфам“, објавен на почетокот на 2021 година, покажал дека милијардерите се „потешки“ за околу 3.900 милијарди долари.

Во извештајот се наведува дека овие пари можат да помогнат никој да не осиромаши поради пандемијата на коронавирусот и дека можат да бидат доволни за да се купат доволно вакцини против Ковид-19 за сите.

Share
Scroll to Top