Астероид кој може да помине релативно блиску до Земјата и кој го предизвикува спектакуларниот годишен метеорски дожд Геминид, почна да се однесува чудно, пренесуваат светските медиуми.
Научниците кои ја набљудуваа променливата светлина на астероидот „3200 Phaeton“ заклучија дека тој почнал да се врти побрзо по својата оска, скратувајќи ја ротацијата за околу 4 милисекунди секоја година. Ова откритие изненади бидејќи спинот на астероидите обично не се менува.
Разбирањето на она што се случува со Phaethon може да обезбеди повеќе увид во класата на астероиди кои се сметаат за потенцијално опасни. Овој астероид моментално не претставува никаква опасност за Земјата, но со својот дијаметар од 5,8 километри, доколку случајно би удрил во нашата планета, би можел да предизвика значителна штета.
Покрај тоа, за време на неговата траекторија, ни се приближува доволно блиску што значителната промена во неговата орбита од 524 дена може да предизвика одредена загриженост, пишува Science Alert.
Овој е еден од само двата астероиди кои произведуваат метеорски дожд. Кометите обично се одговорни за овој небесен спектакл. Астериоидот е впечатливо син, иако повеќето астероиди се црвеникави или сиви. Поради своите необични карактеристики, Јапонската вселенска агенција планира да ја испрати мисијата DESTINY+ (Демонстрација и експеримент на вселенска технологија за меѓупланетарно патување со Phaethon fLyby и dUst Science).