Млад американски пејач загина во пукотници во ноќен клуб во Атланта. Станува збор за раперот Кинг Вон, кој според полицијата бил убиен. Веста за неговата смрт ја пренесоа извори блиски до пејачот. Медиумите во Атланта јавуваат дека на местото на настанот биле застрелани пет лица.
Покрај Вон, во несреќата настрадале уште две други лица, додека останатите двајца се потешко повредени. Сведоци говорат дека до пукотниците дошло по расправијата која се случила на паркингот до клубот Monaco Hookah Loungе.
Две групи на луѓе ја започнале расправијата, која на крајот продолжила со физичка пресметка. Брзо се вмешале двајца полицајци, кои во тој момент не работеле. Меѓу нив започнале пукотниците, кои на крајот завршиле трагично.
Деталите за несреќата и понатаму се истражуваат и сè уште не е познат убиецот на 26 годишниот музичар. Вон бил на почетокот од својата кариера. Тој пред две години ја издал својата прва песна Crazy Story.
Оваа вест ги погоди преку два милиони од неговите пријатели на социјалните мрежи.
„Те молам биди добро, се надевам дека не е истина. Не требаше вака да си заминеш, имавме толку многу планови“, биле некои од коментарите на неговите фанови.