Модно шоу во Париз за кралицата на панкот, Вивен Вествуд

Модно шоу во Париз за кралицата на панкот, Вивен Вествуд

пред 2 години

Со ревија на модната недела во Париз, и беше оддадена почит на креаторката и основач на брендот „Вивиен Вествуд“, претставувајќи ја колекцијата дизајнирана од нејзиниот сопруг и партнер Андреас Кронталер.

Комбинации инспирирани од панк, со широки палта, крпени цветови, наметки со качулка над тенки, вградени здолништа и потпетици на високи платформа, диминираа на модната писта. Моделите се движеа додека во позадина свиреше „Ти ен ти“ на рок бендот Еј си ди си, а Кронталер го затвори шоуто во придружба на внуката на Вествуд, Кора Кора, која носеше костум од чипка од слонова коска со чизми на платформа.

Лондонската модна недела, одржана минатиот месец, беше посветена на Вивиен Вествуд, едно од најголемите имиња на британската мода, која се прослави со создавање облека за легендарната група „Секс пистолс“. Вествуд почина минатиот декември на 81-годишна возраст.

 

 

 

Share
Scroll to Top