Најчести заблуди за сексот во брак

Најчести заблуди за сексот во брак

пред 5 години

Ви ги претставуваме петте најчести заблуди за брачниот секс.

Заблуда бр. 1: На првата брачна ноќ сите имаат луд секс

Ретко кој сака секс таа вечер. После венчавката и свадбената вечера, повеќето се уморни и пијани.

Доколку сте од оние кои сакаат на венчавката да го доживеат првото водење љубов, можеби не би било лошо да зборувате за очекувањата од првата брачна ноќ на ист начин како што зборувате за тортата, поканата…

Донесете заедничка одлука да не пиете премногу и договорете се како да избегате од забавата во собата во разумно време.

Заблуда бр. 2: Кога сте во брак, желбата умира

Постојат многу начини да ја разбудите страста во бракот: носете секси облека, флертувајте, излегувајте заедно, заведувајте се едни со други.

Една од најдобрите стратегии за освежување на врската е заедничкото испробување на некоја нова активност. Изберете адреналински спортови затоа што тие не само што го стимулираат организмот, туку и ја подобруваат вашата сексуална врска.

Правете ја следнава вежба еднаш неколку месеци: седнете на неговиот скут (облечен или гол), соочете се со него и завиткајте ги нозете околу неговата половина. Затворете ги очите, потпрете го челото на неговото и дишете заедно во ист ритам две минути. Синхронизирано вдишување и издишување создаваат силна сексуална енергија помеѓу две лица, советува еден сексолог.

Заблуда бр. 3: Колку сте постари и покрупни, толку помалку ќе бидете привлечни за вашиот партнер

За време на сексот, вашиот партнер не ве замислува послаба, ниту ги забележува вашите маани, туку едноставно ужива во моментот. Оставете ги настрана вашите несигурности и посветете поголемо внимание на она што ве возбудува вас и вашиот партнер.

Мажите се визуелни типови, но за нив е поважно да видат женска самодоверба, тоа е она што најмногу ги привлекува. Доколку немате самодоверба, крајно време е да започнете со вежбање. Не само што ќе бидете во добра форма, туку и вашиот мозок ќе започне да ослободува ендорфини кои го подобруваат расположението опуштаат.

Заблуда бр. 4: Тешко е да се вклопи сексот во семејниот живот полн со обврски

За да може вашата врска да остане цврста, дефинитивно треба да внесете секс во вашиот брак. Бракот не е само пишување домашна задача и одведување на децата на различни активности. Важно е да најдете време дури и кога сте преплавени со обврски, бидејќи сексот е природен начин за намалување на напнатоста и стресот.

Тешко дека ќе бидете расположени за секс по напорниот ден на работа, но можеби водењето љубов наутро, кога сте одморени и освежени, а нивото на тестостерон е највисоко, е најдоброто решение. Поставете го алармот 15 минути порано, така што денот ќе ви започне позитивно.

Заблуда бр. 5: Сѐ уште размислувате за поранешниот партнер

Свесно или несвесно, го споредувате со вашата поранешна љубов. Размислете добро зошто ви се случува ова. Можеби само затоа што е недостапен, или затоа што можеби е попосакуван. Веројатно мислите само на позитивните аспекти на вашата врска со поранешниот и ги заборавате причините зошто врската не успеала.

Доколку вашата моментална врска е полна со доверба, пријателство и приврзаност, ќе бидете среќни и задоволни во годините што доаѓаат.

Share
Scroll to Top