„Небото и земјата ми се превртеа додека го носевме речиси мртов на раце“, Ребека раскажа за најболната ноќ, кога за малку ќе го загубела синот Маркијан

„Небото и земјата ми се превртеа додека го носевме речиси мртов на раце“, Ребека раскажа за најболната ноќ, кога за малку ќе го загубела синот Маркијан

пред 4 години

Пејачката Ребека Јанковска-Ристески и претседател на здружението „Дајте ни крилја“ со емотивен статус, се потсети на еден од најболните моменти од нејзиниот живот.

Таа напиша дека вечно ќе им биде благодарна на Господ и Св. Лазар, затоа што на овој ден, пред десет години нејзиниот најстар син Маркијан се разбудил, откако претходно доживеал епилептичен напад.

Маркијан е дете кое боледува од ретка болест – туберозна склероза. Ребека во интервју за „Репортер“ ни раскажа како се соочуваат дома, заедно со нејзиниот сопруг Мики во растењето и воспитувањето на Маркијан.

Пејачката преку здруженето „Дајте ни крилја“ и Алијансата за децата со ретки болести, но и „Балот на различности“ е сè погласна во намерите да им се помогне на децата како нејзиниот син, кои реално се соочуваат со низа слични проблеми.

Share