Едноставна и многу вкусна овесна каша која ќе ве засити.
Состојки: (за 2 лица)
- 4 dl млеко
- 150 гр овесна каша
- 2 лажици мед
- 1 шака сечкани бадеми
Подготовка: Ставете го млекото да се загрее и додадете ги снегулките. Мешајте додека не зоврие и згусне, а потоа додадете ги сечканите бадеми. Извадете ја смесата од шпорет и по неколку минути додадете мед, па повторно промешајте. По желба може да се додаде суво грозје и други јаткасти плодови. Послужете ја кашата топла или ладна по желба.