Опасен предизвик се шири на „Тик-ток“, десетгодишно девојче заврши во болница

Опасен предизвик се шири на „Тик-ток“, десетгодишно девојче заврши во болница

пред 2 години

Десетгодишно девојче од Хартфордшир, Велика Британија, е жртва на опасен предизвик што сè уште се шири на апликацијата „Тик-ток“. Сакајќи да испроба трик со дезодоранс, си ја оштетила кожата, па сега лекарите велат дека ќе мора да оди на пластична операција.

dobivaj vesti na viber

Тоа го прифатило предизвикот ѝ се прскало со дезодоранс во раката на само еден сантиметар од кожата. Мајка ѝ вели дека тие 10 секунди глупост ѝ уништиле неколку години од животот.

„Десет секунди глупост ѝ предизвикаа болка за наредните неколку години. Од тогаш е многу тивка. Се шокирав кога дознав што ѝ се случило. Таа е толку разбрана и разумна и никогаш не влегува во неволји“, рече мајка ѝ и ги предупреди и другите родители.

„Само потсетувајте ги децата да не учествуваат во вакви идиотски трендови. Тие неколку секунди ѝ уништија неколку години од животот на ќерка ми“, рече таа за The Mirror reports.

 

Share
Scroll to Top