Општина Чаир отвори бесплатна школа за пливање за деца – пријавувањето е во тек

Општина Чаир отвори бесплатна школа за пливање за деца – пријавувањето е во тек

пред 1 час

Во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, Општина Чаир организира Недела на учење пливање за деца, која ќе започне на 15 август. Програмата е бесплатна и има за цел децата да ги совладаат основните техники на пливање, истовремено поттикнувајќи здрави животни навики и физичка активност.

Наставата е наменета за деца од следните возрасни групи: 7–8, 9–10 и 11–12 години. Групите ќе бидат мешани (девојчиња и момчиња), со максимум 30 учесници во еден термин. Обуката ќе ја водат двајца инструктори по пливање, под надзор на четворица професори од Универзитетот „Мајка Тереза“.

Учесниците треба сами да обезбедат:

  • Костим за пливање
  • Капа за пливање
  • Очила за пливање

Почеток на програмата: 15 август
Учество: Бесплатно

Бројот на места е ограничен. Ги повикуваме родителите и старателите навреме да ги пријават своите деца преку онлајн формуларот:

Пријавете се тука: https://cair.gov.mk/apliko/?lang=mk

Share
Scroll to Top