По несреќата повеќе не сум истиот човек, интимна исповед на принцот Вилијам за времето кога работел како пилот во итната помош и му го спасил живот на тешко повредено момче

По несреќата повеќе не сум истиот човек, интимна исповед на принцот Вилијам за времето кога работел како пилот во итната помош и му го спасил живот на тешко повредено момче

пред 3 години

Принцот Вилијам откри како пател од депресија, заради страшните слики со повредени деца кои ги морал да ги гледа додека работел како пилот за итната помош. Принцот спасил голем број детски животи кои во тоа време биле неколку години повозрасни од од неговиот син принцот Џорџ.

Вилијам во подкастот кој ќе биде емитуван во понеделник, “Prince William: Time To Walk” се потсети на една случка во 2017 година, кога се случила тешка автомобилска несреќа, во која тешко повреден бил петгодишниот Боби Хаџес. Од несреќата на Боби му бил отечен мозокот.

„Кога стигнавме на местото на несреќата, во главата ми беше само една нешто, како да му помогнам на момчето. Родителите му беа хистерични, како што можете да замислите, викаа, плачеа, беа во агонија. Тие слики живеат со мене. Таа вечер си заминав прилично вознемирен. Не плачев, но, длабоко во себе чувствував дека нешто се промени во мене. Чувствував некаква напнатост која растеше во мене. Ми беше толку мачно, како целиот свет да умира“, се присети Вилијам.

Како минуваа неделите, станував уште поочаен. Едноставно чувствував болка, патев. А тоа не бев јас. Никогаш го немав тоа почувствувано. Мојот личен живот беше во ред. Бев среќен дома и на работа, но, истовремено продолжив да гледам во себе и да се запрашувам зошто се чувствувам така. Зошто се чувствувам толку тажно. Почнав да ги разбирам траумите и тагата на сите тие луѓе. Сето тоа влијаеше на мене“, рече Вилијам.

„Разговорите со колегите и разговорите со семејствата на момчето ми помогнаа со време да ги победат сите демони“, призна Вилијам.

Подкастот трае 38 минути, а бил снимен уште во февруари, како дел од аудиосеријата во која славните лица ги споделуваат своите интимни спомени.

„Ваквите видови на интервјуа не можете да ги слушнете често. Тоа е длабок и значаен приказ на војводата од Кембриџ, не само како член на кралското семејство, туку и како личност“, изјави извор близок до кралското семејство.

За потсетување, момчето Боби за кој Вилијам зборува во подкастот во 2017 година бил удрен од возач кој во тоа време полагал автошкола. Момчето си играло со другарите пред неговата куќа во Есекс, кога возачот наместо на кочницата, несакајќи стиснал на гаста.

Принцот по несреќата останал во контакт со 10 годишното момче и неговото семејство. Родителите морале да ги напуштат своите работни места за да можат да се грижат за него.

Сакам да знаете дека мислам на вас. Како татко, можам да ја разберам вашата болка, но вашиот син е во најдобри раце, на него работат фантастични луѓе. Сигурен сум дека ќе му биде подобро. Тука сум за сè што можам да направам за вас, сè што е потребно за рехабилитацијата на Боби“, им напишал Вилијам.

„Вилијам ни рече дека сето тоа влијаело на него како татко и дека ја чувствувал нашата болка. Тој е неверојатен, има добро срце, тој е прекрасен човек. Горда сум што еден ден ќе можам да го наречам мојот крал“, рече Карли Хаџес, мајката на Боби.

 

Share
Scroll to Top