Повторно ќе се снима „Мала куќа во преријата“

Повторно ќе се снима „Мала куќа во преријата“

пред 4 години

Култната серија „Мала куќа во преријата“, повторно ќе се снима, пишуваат американските медиуми. Таа се прикажуваше девет сезони, од 1974 до 1982 година. Овојпат, филмското судио Парамонт ќе сними едночасовен филм, работен по романите на Лора Ингалс Вајлдер.

Оригиналната серија го раскажуваше животот на семејството Ингалс, таткото Чарлс, мајката Керолин и нивните три ќерки Мери, Лора и Кери, на нивната фарма во Минесота во 1800те години.

Од филмското студио за сега не откриваат кога ќе почне снимањето на серијата, ни кои глумци ќе ги играат главните улоги, но познато е дека тоа ќе почне во втората половина на 2021 година.

Share
Scroll to Top