Почина легендарниот актер од серијата „Сопранови“

пред 2 години

Актерот Тони Сирико, најпознат по улогата на мафијашот Пол Гуалтиери познат како „Поли Волнатс“ во серијата Сопранови, почина на 80-годишна возраст.

var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);

Мајкл Империоли, кој го играше Кристофер Молтисанти во серијата, му оддаде почит на Инстаграм.

„Тони беше како никој друг: тој беше тврд, лојален и имаше големо срце, поголемо од кој било друг што го познавав. Горд сум што можам да кажам дека направив многу од мојата најдобра и најзабавна работа со мојот драг пријател Тони. Ќе ми недостига засекогаш. Тој е незаменлив“, напиша тој.

Тони е роден како Џенаро Ентони Сирико на 24 јули 1942 година во италијанско семејство во Њујорк. Во младоста имал многу проблеми со законот, а се поврзувал со вистинско мафијашко семејство, кланот Коломбо. Бил апсен 28 пати, првиот пат кога имал само 7 години. Два пати бил во затвор, еднаш за вооружен грабеж, а вториот за недозволено поседување оружје. Тој глумеше гангстери во повеќе филмови за мафијата, вклучувајќи го и „Добри момци“ на Мартин Скорсезе. 

Share
Scroll to Top