Легендарниот фудбалер на Интер и тренер Бруно Боличи почина на 82 годишна возраст. Тој е првиот кој се најде на албумот со сликички на „Паними“. Поранешниот италијански репрезентативец беше долги години фудбалер, а тренерската кариерата му траеше 40 години.
Играше за Интер од 1958 до 1963 година, а две сезони им беше и капитен. Во историјата влезе и со тоа што како играч на Интер стана првиот чиј лик се најде на една „Панини“ сликичка.
Првата „Панини“ сликичка е испечатена на 27 август 1961 година и на неа се најде Болчи во дресот на Интер за кој настапи 109 пати. Со Интер ја освои „Серија А“ во 1963 година, а со истата генерација стана и шампион на Европа.
Интер го победи Реал Мадрид со Пушкаш, Ди Стефано и Генто во тимот, а на патот до титулата го победија и Партизан во четвртфиналето. По освоената титула замина во Верона, играше една сезона за Аталанта, а кариерата ја заврши по пет години во Торино.
За националниот тим на Италија играше четири пати, а по кариерата имаше долга тренерска кариера. Почна како тренер на Про Патрија во 1971 година, а во кариерата водеше 24 клуба, до пензионирањето со Месина во 2007 година.