Почина фудбалерот Марио Ѓурчиновски, кординатор на тренерите во ФФМ

Почина фудбалерот Марио Ѓурчиновски, кординатор на тренерите во ФФМ

пред 3 години

Денеска на 47-годишна возраст почина поранешниот фудбалер Марио Ѓурчиновски, кој ја извршуваше функцијата на координатор за едукација на тренери во ФФМ, објави Фудбалската репрезентација на Македонија.

Тие се простија од него преку својата официјална страна на Фејсбук.

„Оставаш големо сведоштво за тоа каков е човекот со сета своја кршливост и сила. Ти благодариме за емоциите, за среќата, за твоето огромно срце кое никогаш нема да престане да чука. Фудбалската федерација на Македонија засекогаш ќе биде твојот дом. Твоите „слабости“, твоите „грешки“ се еднакви на твојата огромна големина. Благодариме Марио што си и ќе останеш со сите нас. Тагуваме за најголемиот професионалец во нашата куќа. Ѕвезден, неповторлив син, пријател, татко, сопруг,  Фудбалската федерација на Македонија и целото наше семејство ќе те сака засекогаш!“, напишаа тие.

Share
Scroll to Top