Прв интернационален фестивал за детски театри „Игор Маџиров“

Прв интернационален фестивал за детски театри „Игор Маџиров“

пред 2 години

Под слоганот „Види нови светови и остани дете“, од 30 септември до 4 октомври ќе се одржи првото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во организација на Театарот за деца и младинци – Скопје.

Целта на Фестивалот, кој го носи името на познатиот македонски актер Игор Маџиров, е промоција и афирмација на детската театарска продукција и е посветен на професионалните театарски продукции за деца и млади.

На првото издание на ИФДТ „Игор Маџиров“, кој ќе има натпреварувачки карактер, ќе учествуваат девет претстави на театри од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора и од Грција, а Фестивалот ќе го отвори македонската претстава „Том Соер“ во изведба на Театарот за деца и младинци.

Во рамките на Фестивалот ќе се одржи и тридневна работилница за кукларство, предводена од режисерот Јакуб Максимов од Чешка, како и панел-дискусија за важноста на детските фестивали во светот преку искуствата на српскиот национален центар на меѓународната асоцијација на детски театри „АСИТЕЖ“.

Селектор на фестивалот е актерот Владимир Лазовски, а ќе се доделуваат неколку награди: Гран при за најдобра претстава во целина, како и награди за: режија, костимографија, сценографија, музика, актер и актерка.

На свеченото отворање, постхумно ќе се додели признание за трајни вредности на Игор Маџиров.

Share
Scroll to Top