Глумецот од „Пријатели“, Метју Пери наскоро ќе објави книга со своите мемоари во која зборува за борбата со зависноста од дрогата и алкохолот.
Книгата ќе се вика „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ и треба да излезе наесен, а Пери рече дека сакал да ја објави затоа што луѓето треба да ја слушнат и неговата страна од приказната.
„Толку има пишувано за моето минато и мислам дека сега е време луѓето да ја слушнат и мојата страна од приказната. Преживав за да ја раскажам, иако понекогаш ми се чинеше дека тоа нема да се случи. Сè е тука напишано“, рече Пери откако ја објави насловната страна.
Неговите фанови му испратија поддршка со убави коментари и му порачаа дека едвај чекаат да излезе и да ја прочитаат. Книгата треба да се најде на продажба од 1 ноември годинава.
За потсетување, Пери долго време се бореше со алкохолизмот и зависноста од разни дроги, а првпат за тоа призна во 2013 година.