Светски ѕвезди што си ја сменија верата поради љубов

Светски ѕвезди што си ја сменија верата поради љубов

пред 2 години

Џенет Џексон пред неколку години, наводно ја смени верата во ислам поради нејзиниот тогашен дечко. Иако нивната љубов не траеше, таа никогаш јавно не кажа дали се откажала од католичката вера поради љубовта. Сепак, Џексон не е единствената што решила да ја смени верата поради партнерот. Тоа го направија и многу други светски ѕвезди.

Актерката Рита Вилсон има грчко потекло и е православен христијанин. Нејзиниот маж Том Хенкс, кој е роден католик, пред неколку години премина во Православие.

Мерилин Монро, која е родена христијанка, премина во јудаизам кога се омажи за Артур Милер во 1956 година. Откако се разведоа, таа повторно се врати на христијанството.

Кејти Холмс пред да се омажи за актерот Том Круз премина во Скиентологија. Сепак, откако се разведоа, Холмс повторно почна да оди во католичка црква.

Иванка Трамп порасна како презбериец, но пред нејзиниот брак со Џаред Кушнер во 2008 година, се преобрати во јудаизам. Таа изјави дека не го направила тоа за да му угоди на неговото семејство, туку затоа што ја смета оваа религија за добра, бидејќи го поврзува семејството.

Во јудаизам преминала и Елизабет Тејлор по смртта на нејзиниот трет сопруг Мајкл Тод.

Глумицата Ајла Фишер три години се подготвувала да премине во јудаизмот, за нејзината свадба со комичарот Саша Барон Коен, да биде во согласност со еврејската традиција.

И глумицата Зое Дешанел преминала во јудаизам заради нејзиниот сопруг Џејкоб Печеник.

И Дру Баримор ја смени верата во јудаизам и се омажи за Вил Копелман во согласност со еврејските правила. Таа тогаш рече дека ѝ е чест што ќе има можност да ужива во толку убава вера и дека ќе ги воспитува децата во тој дух.

Елизабет Банкс и Макс Ханделман се запознале и се вљубиле еден во друг на првиот ден од колеџ, а години подоцна глумицата се откажа од христијанството во корист на јудаизмот. Елизабет подоцна кажа и дека уште од почетокот на нивната врска таа почнала да живее според правилата на оваа религија и дека со години не украсува новогодишна елка.

Иако е роден во еврејско семејство, комичарот Џек Блек подолго време истакнуваше дека е атеист. Откако се ожени со Тања Хајден, тој одлучи да се врати во синагогата и религијата да биде важен дел од животот на неговото семејство.

Share
Scroll to Top