Доколку сте љубител на сендвичи, а сте во моментот на режим на исхрана, сендвичот од наут, авокадо и брусница е нутриционистички предлог за ручек.
Состојки:
- 420g конзервиран или варен наут
- 1 големо зрело авокадо
- 2 лажици сок од лимон
- ½ шолја суви брусници
- 6 парчиња леб
- малку свежа рукола
- сол и бибер
Конзервираниот или варен наут и авокадото се пасираат додека не се добие густа паста. Се додаваат брусниците, сокот од лимон, солта и малку бибер по вкус, и целата смеса се меша. Се потпечува лебот и премачкува со смесата. Најгоре се ставаат неколку ливчиња рукола и се покрива со второто потпечено парче леб.