Спортската јавност во Охрид затечена од смртта на голманот Даниловски се простува од него

Спортската јавност во Охрид затечена од смртта на голманот Даниловски се простува од него

пред 3 години

Веста за смртта на Никола Даниловски-Џамбо со неверување ја прими охридската спортска јавност.

Од матичниот клуб на Даниловски се огласија со сочувство до семејството на младиот голман.

„Затечени и потресени сме од трагичната вест за прераната смрт на нашиот голман Никола Даниловски. Нашите мисли во овие моменти се со семејството на Никола, на кое му изразуваме длабоко сочувство. Загубата е огромна и не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат големата болка“, стои во пораката упатена од РК Охрид.

Младиот голман во Охрид дојде како засилување од Металург, а претходно настапуваше и за битолски Пелистер. Повремено беше голман и во националниот ракометен тим.

Пронајдено безживотното тело на голманот Никола Даниловски

Share
Scroll to Top