Србинка со ретка крвна група која ја имаат само 9 луѓе во светот му го спаси животот на претседателот на ФИФА

Србинка со ретка крвна група која ја имаат само 9 луѓе во светот му го спаси животот на претседателот на ФИФА

пред 2 години

Во светот денес има само девет живи дарители со најретката крвна група наречена Rh nullta. За само 43 луѓе на планетата е потврдено дека ја имаат оваа таканречена златна крвна група, а една од нив е белграѓанка – Милица Мучалица, пишува српски портал.

Цел свет слушна за Милица бидејќи благодарение на нејзината ретка крвна група му го спаси животот на денешниот директор на ФИФА.

Џани Инфантино, актуелниот директор на Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации, како дете имал ретка болест. Единствениот начин да се спаси неговиот живот била трансфузија на Rh негативна група, која во тоа време ја имале само 18 луѓе на планетата. Една од нив била и Милица Мучалица од Белград.

Во далечната 1970 година, кога се родил Инфантино, таа решила да му дaрува крв штом била контактирана за помош. Во исто време, Милица имала тешка операција на тумор на матката само неколку месеци претходно.

Џани и неговото семејство потоа 20 години се обидувале да најдат хуман донатор, но безуспешно. Благодарение на домашните медиуми, кои допреа до Милица, Инфантино успеал да стапи во контакт со неа. Потоа ја поканил во Цирих да се сретнат лично.

„Разговарав со Џани по телефон и ми беше многу пријатно. Ме праша како ми е и ми се заблагодари за она што го направив кога тој беше мал. Ќе го посетам кога малку ќе се одмори од сето ова медиумско внимание“, изјавила тогаш Милица.

Милица има исклучително ретка крвна група наречена Rh null. Досега со неа оваа крвна група ја имаат само 43 лица во целиот свет. Во моментов на нашата планета има девет живи активни донатори, пишува Discovery.com.

Инаку, четирите основни типови на крвни групи – А, Б, АБ и 0, се претвораат во осум ако се пресмета присуството или отсуството на Rh факторот. Rh факторот може да биде позитивен или негативен, а го одредуваат протеините на површината на еритроцитите кои се специфични за секоја крвна група.

Поголемиот дел од луѓето во светот се Rh позитивни, а се проценува дека само 15 проценти од населението е Rh негативно.

Во исто време, оваа најретка крвна група, од многуте варијации, нема ниту еден од 50-те антигени од системот Резус, па затоа е наречена златна бидејќи е многу ретка.

За првпат е откриен кај жена Абориџин во 1961 година и вреди злато бидејќи е значително подобра како универзален донатор од нулта крвна група, но луѓето кои ја имаат можат да ја добијат само неа.

Share
Scroll to Top